ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Децата во земјава дремат најмалку по 5 часа дневно на Интернет

Децата во земјава дремат најмалку по 5 часа дневно на Интернет

Голем број малолетници поминуваат повеќе од 5 часа на Интернет. Овој податок произлезе од анкета на Агенцијата за електронски комуникации, во која се наведува дека 39 отсто од испитаниците потврдиле оти малолетниците во нивните семејства поминуваат повеќе од пет часа поврзани на интернет. Според истражувањето, во последните четири години има зголемување на бројот на семејства каде што интернет користат и малолетници, додека 85,6 отсто од испитаниците велат дека малолетниците секојдневно користат интернет. Граѓаните велат дека децата поминуваат на интернет и повеќе од 5 часа.

„Слушнав од лекарите дека не е добро за мозокот, ја оштетува меморијата на децата… Треба да им дадам игри што не се на телефон. Како што игравме кога бевме мали, нека играат и тие. Има топки, песок, паркови, книги.“

Социолозите велат дека децата кои долго време поминуваат на Интернет се соочуваат со различни физички, психички и психолошки последици. Професорот Бесник Мемети предупредува дека тие деца остануваат несоцијализирани и создаваат свој имагинарен свет.

„Тоа има негативно влијание врз развојот на детето и во однос на моториката бидејќи немаат време да спортуваат, целото време го поминуваат на интернет, имаат оштетувања на ‘рбетниот столб, оштетување на видот… Гледаме дека овие деца кои поминуваат исклучително големо време користејќи мобилни телефони всушност имаат проблеми да се интегрираат во општеството и општествениот круг. Знаеме дека за детето најважно е дружењето со социјалниот круг. Но, тоа не го гледаме кај нашите деца во модерното време“, изјави Бесник Мемети, социолог.

Мемети вели дека 80 отсто од родителите немаат контрола колку време поминуваат нивните деца на Интернет, ниту пак кои социјални мрежи и сајтови ги користат.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button