ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Детското одделение во Охрид остана само со еден доктор

Со само еден лекар остана детското одделение во Охрид,откако еден од двајцата педијатри подолго време е на боледување. Иако речиси половина година одделението работи само како обична амбуланта за прегледи, сега ситуацијата се влошува,бидејќи пациенти за прегледи се примаат само до 14 часот. Во останатот период, дежураат медицински сестри. За време на викендите, во вечерните часови и за хоспитализација, охриѓани се принудени да одат во Струга.

„Работам од 8 до 14 часот. Со тоа што работам и сабота и недела.Имаме сестри кои што се тука за евентуално ако е нешто итно, набрзина да се реагира. Ние сме на приправност. Ако е нешто итно ќе мe викнат од дома. Сестрите наши се многу искусни и знаат што е тешко што не е тешко. Овде ние импровизираме, а во здравство на деца, импровизацијата е како ништо да не работиш“, рече Орхан Зекир-лекар педијатар.

Лекарите го повикуваат новиот министер Беким Сали, итно да ги посети. Доаѓа туристичка сезона, а проблемот дополнително ќе ескалира.

„Она што го ветија од Скопје беа двајца специјализанти. Испуштија еден и си го повлекоа. На специјализација е и мора да си ја заврши.Мене ми е криво кога треба дете во два часот навечер со 40 температура да се вози за Струга. Но неможеме да постигнеме поинаку. Немаме решение и што е најтрагично во догледно време ќе го немаме“, додава др. Зекир.

„Однесувањето на здравствените власти е толку несериозно што дозволија вака прекрасно одделение во нашиот Охрид и туристичко место да се затвори, за ние како граѓани да одиме во Струга. Мислам дека е нехумано. Ми се случило да заминам со солзи во очите и да не знаеш дали ќе стигниш до таму“, вели Лидија Аџиев Вељаноска, родител.

Доктор Зекир вели дека единствено долгорочно решение е двете педијатриски одделенија да се спојат на клиниката за ортопедија Свети Еразмо.

Двете специјализантки во најдобар случај би се вратиле за 4 години, а дотогаш проблемот ќе станува уште посериозен. Доктор Зекир вели дека единствено дологрочно решение е двете педијатриски одделенија во Струга и Охрид, да се спојат во едно и да бидат сместени во болницата за ортопедија и трауматологија, Свети Еразмо, нешто што како идеја се заговарала веќе некое време.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button