ВЕСТИРЕГИОН

Девет случаи на омикрон сојот во Косово

На Косово се изолирани 22 примероци позитивни на коронавирус, од кои девет се со сојот омикрон, соопшти Националниот институт за јавно здравје. Во соопштението се вели дека два случаи на варијанти на омикрон пристигнале од САД, два од Лондон, еден од Франција, а четирите откриени во Митровица ја негираат историјата на патувања и контакти со некој надвор од Косово. Сите мостри се земени во саботата, се прецизира во соопштението, а Министерството за здравство ги повика граѓаните строго да ги спроведуваат мерките што се на сила и да се вакцинираат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button