ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Џабе брзи владини мерки за субвенции, заглавија во Собранието

Мерката за финансиска помош за исплата на плати за февруари и март заглави низ собраниските лавиринти. Од владиниот економски тим велат дека не можат никако да влијаат врз пратениците за побрзо да ги изгласаат, ниту пак да најдат друг начин како да му помогне на стопанството. Апелираат компаниите да ги исплатат платите за кога ќе се донесе законот државата да им ги врати парите. Но, покрај оваа – и останатите десетина мерки за кои се потребни законски интервенции се заглавени во собраниска процедура.

„…Дури денеска ако влезе во Комисија денеска и во наредните десет дена да се изгласа, компаниите ќе бидат на време со нивните апликации“, рече Фатмир Битќи- Вицепремиер задолжен за економски прашања.

Според агендата објавена на Собранието, за оваа недела на дневен ред во комисијата за финансирање и буџет не е ставен предлог законот за финансиска помош за плати. Од стопанството апелираат пратениците итно да ги донесат законите за бизнисот да не трпи дополнителни штети.

„Сите парламентарни партии да имаат предвид во каква состојба се наоѓаме и да направат максимални напори економските закони да ги пропуштаат во Собранието затоа што иако тие имаат добра волја од страна на Владата да поминат со ваквото кочење создаваат сериозни лоши импути врз економската позиција на компаниите“, рече Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната средба со стопанството потенцираше дека буџетот е ликвиден и во добра кондиција. Но, стопанството не го дели истиот став велејќи дека ако е така тогаш Народната банка немало да им забрани на банките да исплаќаат дивиденди. Владините претставници пак, не сакаа да ја коментираат таквата одлука на НБРМ.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button