ВЕСТИСВЕТ

Џонсон: Не би било хумано да забраниме прослава на Божиќ

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека не би било хумано да им се забрани на Британците да го слават католичкиот Божиќ.

На прес-конференција во Лондон, тој ја бранеше одлуката на Владата на Велика Британија да ги ублажи ограничувањата воведени за време на празниците со цел да се запре ширењето на инфекцијата со вирусот корона.

– Сакам да бидам јасен дека, како што веќе реков, не сакаме да ја забраниме и откажеме прославата на Божиќ. Мислам дека, искрено, не би било хумано и би било спротивно на инстинктот на многу луѓе во оваа земја – рече Џонсон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button