СПОРТ

Дибала заминува во Манчестер јунајтед?

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала ја завршува мисијата во Јувентус. Претседателот на „бјанконерите“ Андреа Ањели, минатата недела изјави дека Дибала е минато на Јуве.

Договорот на талентираниот „плејмејкер“ со Јувентус истекува на крајот на сезоната, а тој по седум успешни години ќе го напушти Торино и ќе може слободно да избере нов клуб.

Според медиумите во Италија, 28-годишниот фудбалер би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, во Аргентинецот гледа своја нова „десетка“, некој кој би можел да внесе креативност во играта на Јунајтед и да му помогне на тимот да биде поопасен во офанзивата.

Покрај Јунајтед, за услугите на аргентинскиот репрезентативец, наводно се заинтересирани Манчестер Сити и Арсенал.

Дибала има неделна плата од над 100 илјади евра неделно во Јуве, што е смешна сума за стандардите на Премиер лигата.

Дибала оваа сезона директно учествуваше во 20 голови на Јуве, 14 пати беше стрелец и шест пати асистент.

Извор: Топ Спорт

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button