Во чест на еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот Диего Марадона ќе се крене споменик во центарот на Буенос Аирес.
Меморијалниот споменик под називот „Меморијал М10“ ќе биде креиран и поставен во 2025 година. Неговата местоложба ќе биде главното шеталиште во срцето на главниот град на Аргентина. Се очекува креирање на повеќе од само споменик, бидејќи е најавено дека меморијалнот ќе се протега на 1.000 квадратни метри и целиот приказ ќе биде неверојатен.
Според најавите, влезот за Аргентинците ќе биде слободен, а ќе се наплаќа на туристите. Домашните посетители ќе имаат опција да донираат, па со тоа би добиле место на ѕидовите за своја фотографија.