РЕГИОН

Дијалогот Косово-Србија продолжува во јуни

Дијалогот меѓу Србија и Косово, со посредство на Европската унија (ЕУ), ќе продолжи пред крајот на јуни, објави денеска европскиот министер за надворешни работи Јозеф Борел по средбата со косовскиот премиер Албин Курти. Курти, кој е во прва посета на Брисел откако ја презеде функцијата премиер, го потврди учеството на самитот во јуни.

Ден претходно, Курти пред новинарите во Брисел изјави дека нема да присуствува на состанокот на 11 мај, како дел од продолжувањето на дијалогот со Србија. Состанокот првично беше најавен за 11 мај, за време на посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Брисел оваа недела.

Претходно, Курти се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека НАТО ги поддржува напорите за почеток на дијалогот меѓу Србија и Косово. Во соопштението на НАТО се вели дека Столтенберг потенцирал дека дијалогот останува „единствениот начин да се постигне трајно политичко решение на Западен Балкан“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button