ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК ќе се брани од сајбер напади за да не им падне серверот среде избори

Државната изборна комисија ја одобри ИКТ стратегијата за заштита од сајбер напади за да не се повторат проблемите што се случија на последните парламентарни избори, кога беше нападната и блокирана официјалната веб-страница на ДИК.

„Стратегијата става најголем акцент на секојдневната работа во врска со делот од ИТ секторот и сајбер нападите кои врз основа на извештајот и подготовката на стратегијата не можеме да ги спречиме, но можеме да преземеме навремени мерки и да бидеме поподготвени во делот на сајбер нападите“, рече Дитмире Шеху, ДИК.

Членот на ДИК, Бојан Стојановски оцени дека е добро Комисијата да изготви и акциски план за спроведување на Стратегијата.

ДИК соопшти и дека вчера биле отворени четири понуди за обезбедување на гласачки апарати за контрола на отпечатоците од прсти.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button