ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК: Првата опрема за отпечатоци на прстите ќе сдигне за викендов

Првите уреди за регистрирање отпечатоци од прсти за време на гласање се уште доцнат. Околу 200 од нив требаше да пристигнат од земјата на производство, Германија, во Државната изборна комисија на почетокот на оваа недела откако ќе завршеа царинските постапки. ДИК се уште нема добиено ниту еден апарат. Од ДИК не сметаат дека овие одложувања би можеле да го загрозат изборниот процес во октомври. Тие веќе се подготвуваат за обуката што следува.

Првата опрема треба да пристигне во ДИК до викендов, додека остатокот ќе биде доставена подоцна. Крајниот рок за доставување на целата опрема ќе биде 1 октомври. Обуката на избирачките одбори ќе започне на 25 септември, а пред тоа ќе се тренираат обучувачите кои ќе ги обучуваат избирачките одбори – велат од Државна изборна комисија.

Одложувањето на доаѓањето на првата опрема со овие терминали се уште не достигнало загрижувачко ниво ни за политичките партии. ВМРО ДПМНЕ не сакаше ниту да ја коментира оваа тема, додека премиерот Зоран Заев оценува дека расположливото време е доволно за имплементација на иновациите за време на гласањето.

За првпат на локалните избори во октомври, идентификацијата на гласачите ќе биде биометриска. Новата опрема на избирачките места ќе ги идентификува гласачите преку отпечатоци од прсти. Тие нема да бидат поврзани на интернет, туку ќе работат со интегриран софтвер за податоци, така што институциите веруваат дека не можат да бидат хакирани или манипулирани. Овој начин на гласање не се практикува во земји со развиена демократија, туку само во земји со послаб развој, каде изборната манипулација претставува проблем, како што се: Ерменија, Бразил, Колумбија, Костарика, Нигерија, Филипини, Танзанија и Зимбабве.

Оваа промена во начинот на гласање беше услов на опозицијата и беше прифатена и од власта. Со биометриското гласање се очекува да се избегнат случаи на двојно гласање или гласање во име на некој друг. Со класичниот начин или начинот на регистрација и контрола на гласачите рачно, гласањето ќе се одржи само на 16 октомври, денот кога ќе гласаат болните, изнемоштените и затворениците.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button