МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Некои закони стимулираат изградба на дивоградби

Во Куманово има голем број објекти изградени по донесување на законот за легализација и опцијата е или да се урнат 7-8.000 објекти или да се чека нов закон којшто ќе го реши проблемот, рече кандидатот за уште еден мандат и актуелен градоначалник на Куманово, предложен од група избирачи, Максим Димитриевски. Како што кажа тој, во неговото вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, носењето на закони за дивоградби создаваат дополнителни проблеми во тој сектор.

„Дополнителното носење на нов закон, којшто опфаќа уште нови дивоградби, стимулира дибоградби. Инаку, дивоградбите во Куманово се намалени за 90%, според извештаите на сите надлежни општински и инспекциски служби. Нема случај во Куманово СВР да има кривична пријава против кривично дело – незаконско градење. Зошто е тоа така треба да се произнесе ресорното министерство….Бирократијата е проблем и самите постапки се спори. Но, замислете, носите нов закој со којшто создавате можност и стимулирате дополнително да се градат дивоградби“, рече Димитриевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button