ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Ако годинава нема поместување во евроинтеграциските процеси, европската идеја на Балканот ќе почне да бледнее

Ако и оваа година нема поместување во однос на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан, европската идеја на Балканот ќе бледнее, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Како што потсети тој, годинава навршуваат две децении од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, којашто ја потпишавме први во регионот.

„По нас беше Хрватска, која годинава одбележува осум години членство, а ние го немаме почнато пристапниот процес. Со сите наши маани и несовршености одиме напред, тоа го покажа вчера и извештајот на Фридом Хаус. Решивме проблем што тешко се решава и ако тоа не го препознае ЕУ, па и нашите соседи, тогаш целата европска иднина на Балканот бледнее. И сѐ помалку ќе можеме да ги убедиме граѓаните дека ова е реално и остварливо и оти треба да веруваме на зборовите, на декларациите, на одлуките на земјите членки“, рече Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button