ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров за интерпелацијата: Директен напад врз самата држава и нејзините институции

Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров е на дневен ред на собраниската седница во понеделник, но сè уште е далеку од разгледување заради набиената агенда. На 30-та седница, таа е 53-та точка на дневниот ред.  Пред пратениците, Димитров ќе има можност да ги даде своите аргументи против интерпелацијата што ја покрена за него ВМРО-ДПМНЕ. Коментирајќи го тоа неодамна, Димитров го опиша како обид да се создаде раздор во Владата.

„Очајниот обид да се создаде внатрешен раздор во Владата ја надминува политичката програма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско преплетување и во овој контекст, ова е директен напад врз самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.

Интерпелацијата, според ВМРО-ДПМНЕ, е прв чекор кон нова стратегија за спротивставување на политиките на власта, за кои сметаат дека се погрешни.

Причините на опозицијата за оваа интерпелација се, како што елаборираат тие, непочитувањето на Собранието од страна на Димитров кој не учествувал кога бил поканет на седниците на комисијата, неговиот неуспех во изминатите 100 дена и пасивноста на Секретаријатот за европски прашања.

Ова не е прва интерпелација за Димитров на позиција на член на извршната власт. Опозицијата го стори истото и во 2019 година, но таа не беше усвоена.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button