ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димовски: 17,3% од вработените во АНБ се Албанци

По направените безбедносни проверки од страна на Агенцијата за национална безбедност утврдено е дека не постои безбедносен ризик по пристигнувањето на 149 граѓани на Авганистан во земјава. Ова на брифинг со новинарите го рече директорот на АНБ Виктор Димовски. Тој додаде дека и натаму се прават безбедносните проценки по однос на Авганистанците кои се на списокот за евакуација во земјава. Инаку ова Димовски го сподели на ден пред одбележување на двегодишната од постоењето на АНБ. Агенцијата по две години ги промовираше и новите службени легитимации. Инаку во институцијата изминатата година се вработени 10 најдобри студенти, меѓу нив има и докторати. А од нив, само двајца се Албанци. Димовски вели дека нема притисоци од албанските партии за вработувања, туку се селектираат најдобрите кандидати. Тој кажа дека околу 17,3% од вработените во АНБ се Албанци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button