ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Димовски: Штрајкот на ССМ може да стане Дамоклов меч за функционерите и политичарите

Првиот синдикалец, Дарко Димовски, ги повика пратениците и министрите да придонесат за усвојување на потребниот амандман со кој ќе се овозможи линеарно зголемување на платата на работниците за 2 806 денари. Како што додаде тој, штрајкувачите утре ќе се соберат пред владата за да ги потсетат министрите за кое законско решение треба да се изјаснат.

„Го охрабрувам работникот да се избори за својата егзистенција. Ги повикувам народните избраници од сите политички партии, да дојдат денеска, да ја дадат поддршката. Не на ССМ, туку на работникот, преку прифаќање на амандманот од 2 806 денари, веднаш и сега. Ако и ова не се случи штрајкот кој се одвива во моментов, им е Дамоклов меч на сите јавни функционери и политичари“, рече Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button