ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дипломат, Османи ги критикува безбедносните органи

Неодамнешниот дипломатски скандал ги изнесе на виделина слабостите на системот за издавање сертификати и контрола на активноста на дипломатите, како и недостатокот на ефикасна комуникација помеѓу институциите. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека случајот со дипломатот Миле Миленковски, кој српската полиција го уапси пред неколку дена под сомнение за сторено кривично дело, упатува на вина кај  безбедносните органи кои издале безбедносен сертификат за истакнатиот дипломат, што е услов да биде ангажиран во  Мнр.

„Министерството за надворешни работи не е безбедносно тело и единствениот начин што гарантира дека вработените можат да влезат, и да имаат пристап до документите на министерството, без разлика овде или во странство, бидејќи сето ова е една институција, тоа е  националниот сертификат. Системот, се чини, има слабости од пред неколку децении. Овој случај е можност да се врати системот таму каде што припаѓа и да се зачува достоинството на ова министерство и оваа важна служба“.

Османи вели дека не бил информиран дека имало меѓународна потерница против дипломатот, и дека безбедносните институции во земјата не го известиле за неговата активност во минатото. Премиерот Заев вели дека овој дипломат е на функција уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Според медиумските известувања, пред три години, Миленковски, заедно со уште двајца дипломати, успеале да изнесат бизнисмен и политичар од Ерменија кој се барал за серија корупциски скандали  и со приватен авион да го пренесат во Виена. Иако потерницата за Миленковски датира од пред година и пол, случајот излезе на виделина дури откако беше уапсен и приведен од српската полиција пред десет дена.

На другите двајца дипломати им беа одземени дипломатските пасоши и суспендирани од Министерството за надворешни работи. Скандалот го принуди Министерството за надворешни работи да побара вонредна проверка  на сите вработени во нејзините редови. Лицата на раководни места и сите амбасадори ќе треба да аплицираат до петок за сертификат за безбедност на НАТО.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button