ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.

-Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и за жал починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија. Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои меѓу другото во писмото од директорите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button