Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, рече дека е убеден дека до крајот на 2021 година ќе има повеќе дози од вакцината против коронавирус отколку што е потребно за борба против пандемијата.
– Убеден сум дека до крајот на 2021 година ќе имаме повеќе дози вакцини отколку што ни требаат. Правиме се што можеме за да ги зголемиме производните капацитети, но проблемот е што треба да ги зголемиме во следните неколку месеци – рече Бурла на онлајн конференција, пренесува Ројтерс.
Тој нагласи дека во меѓувреме е потребно владите да обезбедат превентивните мерки да не бидат олабавени.
– Важно е да ја користиме вакцината како едно средство – рече тој и додаде дека нема сомнеж дека ќе биде најефикасна, со најголем траен ефект.
– Времето кога ќе можеме да се вратиме во нормала не е далеку, но дефинитивно не е сега – изјави тој.
Фајзер минатиот месец објави дека неговата вакцина е ефикасна околу 95 проценти. Денес, Велика Британија стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцина против вирусот на коронавирус од компаниите Фајзер и Бионтек.