ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Директорот на Институтот за имунологија зборува за Омикрон – Кажа дали се размислува за затворање на границите

Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во Скопје, за Алсат вели дека варијантата Омикрон носи сериозен предизвик и може да стане сериозен проблем поради пренатрупаноста на болниците.

Сето тоа бидејќи оваа варијанта многу лесно се шири и за момент многу луѓе можат да се заразат.

„Варијантата Омикрон носи сериозен предизвик, може да стане сериозен проблем поради преоптоварувањето на Болниците бидејќи многу лесно се шири и за момент многу луѓе можат да се заразат. Вчера и денес излегуваат различни студии. Три од нив се сериозни, една од Америка, една од Британија и една од Јужна Африка, кои покажуваат дека тежината на болеста не е толку изразена, се очекува текот на болеста да биде поблаг во однос на варијантата Делта. Но, нашиот проблем би бил доколку во исто време приливот на пациенти стане многу голем, па и за малку болни кои ќе имаат сериозни последици, нема да можеме да им посветиме соодветно внимание во болниците“, рече Петличковски.

Тој нагласи и дека затворањето на границите или целосното затворање не е продуктивна мерка, но вели дека би поддржал рестрикции во затворени простории во периодот што следи.

„Јас сум за рестрикции во затворени средини во периодот што следи. Мислам дека ова навистина може да спречи голем интензивен бран на вирусот“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button