ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Дива населба“, косоварите чекаат трансфер

Барањата на косовските граѓани осудени во случајот „Дива населба“ се уште се процесуираат во Министерството за правда. Не се знае кога се очекува официјалната комуникација на Министерството за правда со косовските власти, чекор кој треба да резултира со договор меѓу двете земји. Заменик министерот за правда Агим Нухиу вели дека постапката се уште е во фаза на меѓуинституционална комуникација во државата.

„Тоа секако е преоптоварена процедура. Институциите во нашата земја ќе треба да соопштат, потоа да се испратат во Косово и се ќе зависи од договорот што ќе се постигне меѓу двете земји, Северна Македонија и Косово“, изјави Агим Нухиу, заменик министер за правда

Постапката за префрлање во Косово започнува по индивидуално барање на затвореник до Министерството за правда. Министерството бара од полицијата да знае дали осудениот што бара трансфер има домашно државјанство или не. Барањата за трансфер осудените ги поднеле преку адвокатите.

Адвокатот Насер Рауфи има поднесено 6 барања, Артене Адеми исто така 6 барања, 5 за Косово и едно за Албанија, додека Мефаил Арслани едно барање. Трансфер не сакаат осудените Хајруш Авдија, Шефќет Халаќи и Валдет Зекај. Зекај е осуден на доживотен затвор. Услов за трансфер на осудени лица, според билатералните договори потпишани меѓу владите на трите држави, меѓународните конвенции и Европската конвенција за трансфер на осудени лица потпишана во Стразбур во 1997 година е признавање на обвинението и судската одлука. За настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, Кривичниот суд во 2017 година осуди 37 лица на 746 години затвор, од кои 7 на доживотен затвор. Од осудените, 16 се државјани на Косово, еден државјанин на Албанија, еден германски државјанин и другите државјани на Северна Македонија. /Алсат.мк

Адријан Ќерими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button