ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дивите депонии во земјава бавно се чистат

Дивите депонии во земјава бавно се чистат.

 И два месеци по стартот на расчистувањето на дивата депонија во Визбегово, тука ѓубре сè уште има.

Очекувањата на скопскиот градоначалник не се исполнија.

 „Јас очекувам дека во наредните триесетина дена ќе ја исчистиме оваа површина од околу 10 хектари или 10 фудбалски игралишта, 100.000 м2. треба да бидат фрлени над 50.000 кубни метри комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето и во овој дел од депонија полека да прерасне во зелена оаза“,

Од Град Скопје сега велат дека чистењето депонија не е лесна работа. Се работи непречено, а голем дел веќе е расчистен.

  Град Скопје

Навистина е тешко да се предвидат рокови за чистење на ваков вид на депонии, бидејќи ова не е градежен зафат туку процес и активност за која има непредвидливи фактори кои се појавуваат во текот на чистењето

Град Скопје обврската за чистење на депонијата во Визбегово ја дала на Јавното претпријатие „Улици и патишта“. Оттаму ангажирале подизведувач и фирмата „ВАТО“ од 14 јануари има обврска да ја чисти дивата депонија. Според договорот, фирмата има рок од 60 дена да ја исчисти дивата депонија, за што ќе ѝ се исплатат 325.000 евра. Оваа дива депонија е само една од 1.000 вакви во земјава. Додека некои од нив се чистат, државата планира идната година да почне да ги прави регионалните три депонии.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button