ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Дизел „crossover“ од 21.000 евра за борба против корона вирусот?

Дизел „crossover“ од 21.000 евра за борба против корона вирусот?

Со возило Opel Crossland Elegance 1. لعبة بينغو 5 дизел, набавено за 21 илјади евра, Здравствениот дом во Тетово се штити од Ковид-19. Тетовските здравствени власти со ова луксузно возило се „подновиле“ во ноември минатата година, а договорот кој го склучиле со фирмата од Скопје, како што навеле е поради набавка на моторно возило за нивните потреби произлезени од кризната состојба со корона вирусот. Односно, според тендерот, Здравствениот дом во Тетово барал моторно возило за патронажа и вакцинација. Фирмата која била единствен понудувач на тендерот им излегла во пресрет на барањата, па така опелот со кој здравствените работници веројатно вакцинираат низ тетовско е со седум-инчен екран, кожен волан, паркинг-сензори, Bluetooth, металик боја и шест вградени звучници од производителот.

Камерата на Алсат денеска пред дотраениот објект на Здравствениот дом во Тетово не го забележа возилото. Се обидовме да добиеме одговори за каква намена навистина служи возилото, зошто е избран модел кој чини над 20 илјади евра и со какви предизвици се соочуваат вработените и пациентите во Здравствениот дом? Но, в.д. директорот Борислав Јоргаќиевски, чиј потпис стои на договорот, единствено ни кажа дека ќе нè контактира веднаш штом се ослободи од обврските. موقع مراهنات المباريات

Од Министерството за здравство пак, кое го назначило Јоргаќиевски за директор, апелираат институциите да реагираат, додавајќи дека стојат на располагање за соработка.

„Постапките за јавни набавки за потребите на установите ги спроведуваат самите јавни здравствени установи, менаџментот на установите и комисиите формирани за оваа намена сносат соодветна професионална, кривична и морална одговорност. Апелираме надлежните институции да го истражат случајот и да утврдат дали постои евентуална злоупотреба во постапката за јавна набавка“, нагласи Министерство за здравство.

Првиот човек на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за Алсат вели дека парите можеле да се искористат попродуктивно. Според неа, со јавни пари е недозволиво да се купуваат луксузни возила.
„Случајот со набавката на луксузно возило во време на пандемија само покажува до каде е алчноста на луѓето, себичноста на луѓето и потребата да злоупотребат. موقع مراهنات عربي Кој какво возило сака да има, за дома да си го купи“, рече Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК.

За возилото купено со пари од буџетот за справување со корона вирусот, неодамна информираше Центарот за граѓански комуникации, кои во најновиот извештај за јавните набавки за време на пандемијата, регистрирале низа проблеми и ризици од корупција.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button