ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензините се намалуваат

Дизелот поскапува, бензините се намалуваат

Падот на цените на нафтата на светските берза каде се продава сурова нафта, нема влијание врз крајната цена на горивата во Македонија. Ова е ставот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Зголемувањето на цената на нафтата и бензините се поради зголемувањето на вредноста на доларот кој достигна над 59 денари на еден долар. Од полноќ паѓа цената на горивата за денар и половина, а корисниците на дизел горивото за едно литро ќе плаќаат повисока цена за половина денар.

„На експертиве да им кажам дека со последната методологија, Регулаторната комисија за енергетика ги превзема податоците од медитеранската берза. За секој дериват посебно. Тоа што гледате на светски берзи, за Брентот, ние тоа не го земаме во предвид. Ние сме земја што за жал нема рафинерија, ги земаме готовите производи“, изјави Марко Бислимовски претседател на РКЕ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button