ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До крајот на годинава околу 700 лица без државјанство треба да добијат привремен извод

До крајот на декември, околу 700 лица без државјанство, претежно Роми, ќе бидат вклучени во специјалната матична книга на родени. Досега, Управата на матична книга решила 36 прашања, доделувајќи им привремени сертификати. Министерството за внатрешни работи ќе издаде документ за идентификација, кој ќе содржи фотографија и 12-цифрен број, сличен на матичниот број. Со него, тие ќе бидат идентификувани пред институциите и ќе можат да го остварат своето право на социјална заштита, образование, здравствени услуги и вработување.

Со самиот статус „без државјанство“, тие живеат маргинализирани и исклучени од општеството, без пристап до основните човекови права. Покрај тоа, тие се оставени на милост и немилост, надвор од системот за државна помош при справување со ефектите од пандемијата. Но, и надлежните и невладиниот сектор сметаат дека ова е привремено решение и не го решава проблемот со бездржавјанството во Македонија. Според Александра Ефремова од Македонското здружение на млади адвокати, законот не спречува случаи на деца кои не се запишани во матичната книга на родени во иднина да се појават повторно.

Законот за лица кои не се регистрирани во матичната книга на родени е донесен во февруари, но со појавата на Ковид-19, Македонија влезе во вонредна состојба и Министерството за правда заглави со донесување на подзаконски акти. Со Уредба на Владата од крајот на мај, рокот за поднесување апликации за привремена потврда беше продолжен уште шест месеци по неговото завршување, односно до декември. Лицата без државјанство, сепак, ќе бидат регистрирани на пописот закажан за 2021 година.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button