ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До петок се очекува решение за случајот со албанските ученици од Идризово

До петок се очекува да се најде решение за случајот со 13 албански ученици од Идризово, која ќе зависи од одлуката на просветниот инспекторат. 13 ученици Албанци се уште не го започнале шесттото одделение во новата учебна година, бидејќи во основното училиште „Његош“ на Општина Гази Баба не се изведува настава на албански јазик од шесто до деветто одделение.

„Учениците на македонски јазик протестираат три дена, учениците на албански јазик протестираат 26 дена, во истото училиште. Како долгорочно решение за кое разговаравме со општината е изградба на ново училиште во Идризово, бараме разбирање од двете страни за краткорочното решение, кое треба да го најдеме што е можно поскоро, до петок без разлика дали се македонски или албански ученици“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button