ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Закон за бранители – се предлага повисока парична помош и проширување на опсегот

Предлог-законот за бранителите и нивните семејства предвидува зголемување на висината на надоместокот врз основа на степенот на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност, на 82.000 евра доколку степенот на попреченост е 100 проценти како еднократен надоместок. Предлогот ги вклучува безбедносните сили од 1991 до 2024 година.

Вредноста на надоместокот:

– 100% воен инвалидитет од ——————————————-5..000.000 денари,

– 90% воен инвалидитет ———————————————– 3,700.000 денари,

– 80% воен инвалидитет ——————————————-3.400.000 денари,

– 70% воен инвалидитет ——————————————-3.100.000 денари,

– 60% воен инвалидитет ——————————————-2.800.000 денари,

– 50% воен инвалидитет ———————————————2.500.000 денари,

– 40% воен инвалидитет ——————————————-2.200.000 денари,

– 30% воен инвалидитет – ——————————————-1.500.000 денари,

– 20% воен инвалидитет – ——————————————-1.200.000 денари,

Со важечкиот закон и подзаконските акти  вредноста на надоместокот е значително пониска, односно сумата за највисок степен на попреченост достигнуваше надоместок од максимум 75 илјади денари како месечна плата, и надоместоци врз основа на просечната плата, вклучувајќи го и образованието на децата, киријата и другите трошоци.

Група I (100%)——————— 74.254 денари
Група II (90%)——————— 54.205 денари
Група III (80%)——————— 40.840 денари
Група IV (70 %)——————— 29.702 денари
Група V (60%)——————— 22.276 денари
Група VI (50%)——————— 14.851 денари
Група VII (40%)——————— 11.138 денари
Група VIII (30%)——————— 8.910 денари
Група IX (20%)——————— 7.425 денари
Група X (20%)——————— 5.940 денари

Покрај на инвалидите, со законското решение со кое досега се помагаше на партнерот, децата и родителите, со новиот предлог еднократна помош им се дава и на внуците, правнуците, браќата и сестрите. Претходниот закон вклучуваше само случаи од 2001 година наваму, а новиот закон предвидува да се вклучат роднините на жртвите од 1991 година, жртвите од хеликоптерската несреќа во Блаце, хеликоптерот во Катланово, жртвите од претседателскиот авион во кој загина претседателот Борис Трајковски ,несреќата со полицискиот хеликоптер во Струмица во 2014 година и роднините на полицајците убиени во вооружениот конфликт во 2015 година во Куманово.

Предлогот ги судри коалициските партнери. ВРЕДИ ја напушти собраниската сала, а од Европскиот фронт се изјаснија дека нема да го поддржат.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button