ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доаѓа јунскиот Самит на ЕУ, Бугарија мафта со ветото

Власта дава лажни надежи за датумот за почеток на преговорите со Европската Унија, оценува опозицијата. Според нив, уште еден можен неуспех во јуни ќе биде уште едно големо разочарување. ВМРО-ДПМНЕ вели дека на лагите може да им се стави крај само со предвремени избори.

Кога дипломатијата ја водат неспособни луѓе со сомнително коруптивно минато, не можеме да очекуваме друг епилог, велат од Алијанса за Албанците.

„Да имавме поинаква слика во другите области, да немавме корумпирана и криминална влада, да не назначивме неуспешни и корумпирани политичари во дипломатијата, позицијата на Бугарија ќе беше уште потешка… Недобивање датум за преговори во време кога државата е во криза, со уништен систем, со заробена правда, со длабока корупција, само го отежнува животот на граѓаните. Единствена надеж за деблокирање на перспективата и на интеграциите е смена на оваа влада и формирање чиста и некорумпирана влада“, изјави Алијанса за Албанците

Средбата во Рим меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков помина без епилог, што значи дека Бугарија не е подготвена да се откаже од барањата, а остануваат само уште неколку недели од самитот на Советот на Европската Унија. Ковачевски рече дека не сака да се врзува за датуми и нагласи дека што и да се случи во јуни, нема да ја разниша стратешката цел на државата, а тоа е членство во ЕУ. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button