ЕКОНОМИЈА

Добитничка на Милионер џекпот од Скопје стана побогата за ново искуство и 1.455.480 денари

МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ и овој пат ги надмина очекувањата и донесе уште една уникатна приказна од своите играчи. Овој пат е добитничка, која стана побогата за 1.455.480 денари, но и искуство, кое ќе го раскажува со години.

Паричните добивки за некого се слатко изненадување на патот на секојдневието, некој, пак, смета дека се запишани во судбината и кога-тогаш ќе се случат. На најновата добитничка на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ѝ виделе на кафе дека ќе добие голема сума и реалноста се погрижи да ѝ испорача 1.455.480 денари.

Е.С од Скопје, МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ го освоила во вторникот на 10 мај, во Буњаковец. Пристигна во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија возбудена и желна да ги сподели своите емоции. Ни раскажа дека се занимава со недвижности, а игрите на Видеолотарија Касинос Австрија ѝ станале занимација за време на пандемијата.

„Почнав да играм случајно, за време на пандемијата, кога немаше што да се прави. Оттогаш си играм само две игри, за разонода. Неодамна, една другарка ми гледаше на кафе и ми кажа дека имам добивка. Јас си помислив дека ќе наплатам некој долг од работа и онака долго време го чекам. Излезе нешто многу подобро. Ја играв една од моите омилени игри-5 Dazzling hot. Кога го видов сигналот за добивка ептен се изненадив, си помислив дека не е можно. Многу бев возбудена. И уште сум… На парите ќе им најдеме намена, имам некои планови, ќе бидат добра инвестиција за мојата работа. “, раскажа Е.С., додавајќи дека радоста прво ја споделила со синот и заедно ја делеле возбудата за големата добивка.

Покрај тоа што ја сподели својата приказна, имаше што да им порача и на останатите играчи кои го меркаат МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.

„Можам само на сите да им порачам играјте, бидејќи среќата ќе ве изненади кога најмалку очекувате. Верувајте јас по себе видов. Сега ќе одморам, нема да играм, бидејќи сакам да бидам одговорен играч, кој се забавува, но точно знае кога да прекине“, додаде Е.С.

И зарем има посоодветна личност за да го сподели и самата да го живее мотото на Видеолотарија Касинос Австрија. Играјте за забава, но играјте одговорно, а среќата ќе го одбере најдобриот момент за да ве изненади.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #МилионерЏекпот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button