СВЕТ

Доделена Нобелова награда за хемија

Нобеловата награда за хемија оваа година им е доделена на двајца научници Бенџамин Лист и Дејвид Мекмилан „за развој на асиметрична органокатализа“. Тие ја добија престижната награда за нивниот развој на „прецизна нова алатка за молекуларна конструкција: органокатализа, соопшти Шведската академија на науките, организацијата што ја доделува наградата.

Претходно Нобеловата награда за медицина или физиологија годинава им е доделена на двајца американски научници, Дејвид Џулиус и Ардем Патапутиан „за нивните откритија на рецепторите за температура и допир“.

Останатите нобелови награди, за физика, литература, мир и економија ќе бидат објавени во текот на следните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button