ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСПОРТ

Доделени наградите од областа на спортот „8 Септември“

Доделени наградите од областа на спортот „8 Септември“

По едногодишна пауза, во Собранието повторно беа доделени наградите од областа на спортот „8 Септември“ – за највисоко признание за животно дело, како и признанија за остварувања во спортот. Од пристигнати 12 апликации, Комисијата одлучи признанието за животно дело да го добие поранешниот борач Чедо Николовски. Признанија за придонес пак, добија спортскиот коментатор Атанас Костовски, поранешниот одбојкар Зоран Карановиќ, карате-селекторот Стојан Андриевски и поранешниот борач Ацо Јорданов. Наградените порачаа да продолжи да се инвестира во спортот.

„Се надевам дека во иднина борењето, но и целокупниот спорт во Македонија ќе продолжи во нагорен тренд, да носи медали како од европски, така и од светски првенства“, изјави Чедо Николовски – поранешен борач.

„Овие мои другари што примаат денеска високо признание заслужуваат аплауз и од десната и од левата трибина. Спортот спојува, нешто е како додатна вредност на нашето секојдневие, на нашето живеење, ако сакаме да ни биде подобро. Заедно можеме“, рече Атанас Костовски – спортски новинар./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button