ВЕСТИЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Доделени наградите „Златен глобус 2023“: Триумф на „Фабелмансови“ и „Баншите на Инишерин“

Автобиографскиот филм на режисерот Стивен Спилберг, „Фабелмансови“ (The Fabelmans) и „Баншите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) триумфираа на синоќешната церемонија на доделувањето на наградите „Златен глобус 2023“ во Лос Анџелес.

Филмот „Фабелмансови“ на Спилберг, кој ја раскажува приказната за момче што се заљубува во филмската уметност, ја освои наградата во категоријата за најдобар филм – драма, како и во категориите за најдобра режија, додека филмот „Баншите на Инишерин“ на Мартин Мекдона, кој обработува приказна за раскинување на старо пријателство на мал остров во Ирска која е зафатена во граѓанска војна, ја доби наградата во категоријата за најдобар филм – мјузикл/комедија, најдобро сценарио, како и за најдобра машка улога за Колин Фарел.

Другите главни актерски награди ги добија Кејт Бланшет, за улогата во „Тар“, Мишел Јео за „Сешто, сегде, одеднаш“ (Everything Everywhere All At Once) и Остин Батлер за „Елвис“.

Аргентинскиот „1985“ победи во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, додека за најдобар анимиран филм беше прогласен „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо.

Во телевизиските награди триумфираа „Куќата на змејот“ (House of the Dragon), кој ја освои наградата за најдобра серија-драма, „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary), кој триумфира во категоријата за најдобра серија-комедија/мјузикл, како и „Белиот Лотос“ (The White Lotus), кој ја однесе главната награда во категоријата „лимитирана серија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button