ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Договор за деблокирање на Собранието не беше постигнат ниту на вообичаената координација во понеделник

Договор за деблокирање на Собранието не беше постигнат ниту на вообичаената координација во понеделник. Пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива побараа дискусија во Собранието за законот за државјанство. Додека тоа не се случи, тие нема да ги повлечат илјадниците амандмани со кои ги блокираат другите закони.

„Повелете да седнеме на ниво на комисии, или на ниво на комисии да најдеме решение за законот за државјанство. Во моментот кога ќе го комплетираме тоа, ние сме во состојба да ги повлечеме сите амандмани. Ние друг предлог за законот за државјанство нема да правиме. Можеме, доколку има договор, да го повлечеме и да го вратиме повторно во Собрание, со заеднички претходен договор.

Сепак, опозициската коалиција не верува дека постои волја кај другите парламентарни партии да одговорат на овој повик набрзо. СДСМ не одговори на повиците на Алсат по ова прашање. Тие не објаснија кој е нивниот став, и дали се подготвени или не да седнат за дискусија. Од ВМРО-ДПМНЕ се за решение, но велат дека тоа не може да се постигне во рамките на сегашниот предлог.

„Според регулативата, роковите за поднесување амандмани на законот за државјанство се истечени, и повеќе не можат да поднесуваат амандмани на законот што е во постапка. Треба да седнеме и да разговараме за нови законски решенија. Ние сме за законско решение за овој проблем.

Покрај блокирањето  на законите, кои се во процедура со поднесување амандмани до комисијата, блокирани се и процедурите на законите за кои заврши расправата, и треба да се стават на гласање. Мнозинството продолжува да нема кворум поради тројцата пратеници кои се со решенија за изолација. Следниот ден за гласање е планиран за 23 март, меѓутоа, од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, велат дека гласањето ќе се организира кога и да се создадат услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button