ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Договорени заеднички активности за ублажување на ценовниот шок

Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија за енергетика најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите.

Ова е заклучокот од вчерашната средба на владините претставници со раководството на Стопанската комора по предупредувањата за можен ценовен шок поради енормното покачување на цените на енергенсите на светските берзи.

Како што беше речено, кризата е реалност, ќе потрае подолг период и ќе бара решенија со долгорочен и краткорочен карактер. За таа цел, мора да се изврши мобилизација на сите учесници во овој процес. Тоа е неопходно за егзистирање и развој на македонската економија. Сите чинители имаат голема одговорност да ја менаџираат ситуацијата на највисоко професионално ниво и согласно мислењето на светските авторитети – дека времето на ефтината енергија полека привршува, факт што треба сите да го прифатиме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button