ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Договорот од Преспа додаден во политиката на санкции на САД за Западен Балкан

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша Извршна наредба со која се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со регионот на Западен Балкан, која опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

– Јас, Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, го проширувам опсегот на итната состојба објавен со Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 (Замрзнување на имот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан), прецизирана со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 (Прекинување на итната состојба во врска со Југославија и модификација на Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001), согледувајќи ја ситуацијата на територијата на поранешна Социјална Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан) изминативе две децении и вклучувајќи го поткопувањето на поствоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широкораспространетата корупција во разни влади и институции на Западнот Балкан, кои го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција на регионот во трансатлантските институции и затоа претставуваат несекојдневна и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, се вели во Извршната наредба.

Со Наредбата се предвидува санкционирање на кое било лице за кое Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека е „одговорно или соучесник, директно или индиректно вклучено во активности или политики што ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста“ или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западниот Балкан и ги поткопува демократските процеси и институции во регионот“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button