ВЕСТИРЕГИОН

Договорот од Преспа тема на расправа во грчкиот парламент

Грчката опозиција бара отчет од Владата на Атина за доцнење во спроведувањето на Договорот од Преспа, во врска со билатералните меморандуми, ревизиите на учебниците и употребата на трговски марки. Поранешниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, сега член на партијата Сириза, ја обвини Владата за лицемерие, велејќи дека и покрај ставовите дека го почитува Договорот од Преспа, има сериозни проблеми со неговото спроведување. Преку прашање од пратениците, Катругалос прашува: Кога меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Кога ќе се решат најголемите одложувања за учебници и трговски марки? “

Од Владата во Скопје се оптимисти дека наскоро ќе има конкретни резултати за учебниците и трговските марки.

„Соодветните комисии работат и во текот на оваа година. Откако ќе имаат договор или ќе имаат заеднички заклучоци за усвојување, јавноста ќе биде информирана“, рече Мухамет Хоџа, владин портпарол.

Разгледувањето на учебниците, што требаше да заврши за една година од постигнувањето на договорот, дури и не започна. Шефот на Заедничкиот интердисциплинарен комитет, Виктор Габер, соопшти дека следниот состанок ќе се одржи во февруари, за евентуално усогласување на образовните програми на двете земји. Во меѓувреме, првиот човек на Специјалната комисија за трговски марки, Ѓорѓи Филипов, за Алсат изјави дека експертите работат на терен, но немаат моќ да ги принудат приватните компании да ги менуваат своите имиња.

Комисијата за трговска марка е формирана на 18 јуни 2019 година и нејзината работа ќе заврши на крајот на 2022 година. Во текот на 2019 година имаше два состанока, додека минатата година поради пандемијата, комуникацијата се одвиваше по електронски пат.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button