ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Долги колони на границата со Грција

За поголем дел од граѓаните, овој викенд се претвори во продолжен одмор. Голем дел од администрацијата ги спои деновите во пресрет на државниот празник Свети Кирил и Методиј на 24 мај, иако 23 мај, понеделник е работен ден. Голем број граѓани заминаа во странство. Долги колони утрово имаше на граничниот премин со Грција. Од МВР за Алсат велат дека само во последните 24 часа низ Борогодица поминале над 8.000 луѓе.

„На излез од граничниот премин Богородица од 12.00 часот на 20.05.2022 година до 12.00 часот на 21.05.2022 година поминале вкупно 8 122 лица. На државно ниво од 17.00 часот на 20.05.2022 година до 11 часот денеска, државата ја напуштиле вкупно 18.330 граѓани на Македонија. Покрај оние на преминот Богородица, на граничниот премин во Табаноце поминале 4211, на Блаце 3350 и 1981 на Ќафасан“,  МВР

Заминување на граѓаните за продолжениот викенд се забележува и во главниот град.

„Во центарот на главниот град нема големо движење на граѓаните како што сме навикнати да гледаме во вакви денови за одмор. Најголем број граѓани кои се движат се главно туристи“, изјави новинар на Алсат, Мефаил Исмаили, новинар.

“Малкуте граѓани што ги сретнавме рекоа дека постапувањето на дел од администрацијата е погрешно”.

“Јас на пример сум во Италија, слободен ден имаме само за празник и толку. Пример ако вторник е празник и само во вторник одмараме, понеделник е работен ден. Дали е ова штетно за граѓаните, за државата? Нормално дека е штетно затоа што толку имаме капацитет”.

“За некои е добро, но не и за мене лично. Бидејќи немам ниеден слободен ден, нон стоп сум на работа… Не е добро, ама немаме што да правиме, државниот систем е таков да одмара администрацијата, бидејќи многу работат, ме разбираш. Заслужуваат значи, многу се уморуваат? Затоа велам, тие заслужуваат, а ние што работиме 12 часа не …. велат 500 евра има плата, ама земам 200 евра Јас пекар 15 000 имам плата”. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button