ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Долго се чека на Клиниката за кардиологија

Пациентите со болести на срцето тешко стигнуваат на ред на Клиниката за кардиологија. Ограничувањето на редовните термини ги натера пациентите да талкаат по вратите на клиниката. Недостигот на бесплатни термини го вклучи алармот кај пациентите кои имаат потреба, принудувајќи ги да добиваат приоритетни упати. Секој ден ги има преку 100.

Брзата помош речиси на секој половина час носат пациент во тешка состојба. Според пациентите еден од најчестите начини з да бидеш примен на клиника е да се транспортираш со итна.

Од Клиниката за кардиологија велат дека според официјалната евиденција за приоритетни упатства, само во последните два месеци се направени околу 6.000 прегледи. Според раководните лица на Клиниката, состојбата со пандемијата ја ограничила работата на лекарите за редовни термини.

„Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје работи без прекин, но поради мерките за заштита на пациентите и вработените, клиниката ги спроведува наредбите на Министерството за здравство, односно работи со ограничен број медицински услуги“, наведоа од Клиниката.

Во моментов оваа клиника работи со само 8 амбуланти, при што се почитуваат термините на секои 40 минути за пациент, додека во нормални услови за 20 минути по пациент се вршеле прегледите.

Тоа значи дека кардиологијата работи со полн капацитет, но со намален број на услуги.
На барање на Министерството за здравство од март 2021 година, дел од Клиниката трипати се реактивира како одделение за КОВИД со пациенти позитивни на коронавирус, каде има 30 кревети за болничко лекување.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button