ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ.

Advertisements

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност.

Изразувајќи целосна почит кон соработката во минатото, од партијата велат дека напуштањето на коалицијата со СДСМ претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ.

„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока“, велат од Демократска обнова на Македонија, изразувајќи подготвеност за нова и самостојна насока.

Во насока на оваа е и одлуката на ДОМ за настап на локалните избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Велат дека ваквиот политички избор е желба на членовите на партијата да градат нова култура на локална политика – автентична, вредносно доследна и поврзана со потребите на локалните заедници.

„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, велат од партијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button