ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Домашниот бизнис бара ист третман со странските инвеститори

Домашниот бизнис бара ист третман со странските инвеститори

Бизнисмените од Охридско-струшкиот регион бараат државата да има исти аршини кога се во прашање домашните и странски инвеститори. Сметаат дека третманот треба да биде подеднаков, како во однос на можноста да инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони, така и за субвенциите кои би ги добивале.

„Нека ми ги дадат истите услови државата, како што ги дава на странските инвеститори, под исти услови ние стопанствениците во Македонија ќе бидеме поуспешни, бидејќи ние сè сами правиме, од обично поле, го купуваме земјиштето, сами цела инфраструктура ја носиме, го правиме објектот и најголем проблем после ќе бидат приклучоците или за вода или за струја“, изјави Павел Попоски- бизнисмен од Охрид.

Попоски додава за разлика од домашните, странските инвеститори тие проблеми ги немаат. Во меѓувреме, индустриската зона кај Струга зјае празна со само две странски фабрики. Мевмед Џемаилоски, сопственик на фабрика за производство на месо во Струга, вели дека и на домашните фирми треба да им се овозможи под исти услови да градат во зоните.

„Ние сега имаме празна индустриска развојна зона кај Струга, а можеме да имаме домашни инвеститори кои не ги уживаат истите привилегии како странците. Тоа треба под итно, која и да било влада, да го промени и да имаме ист третман. Зошто со ваквите одлуки, Владата сама си прави нелојална конкуренција“, рече Мевмед Џемаилоски, Бизнисмен од Струга.

Имено, домашните фирми плаќаат придонеси, а странските – не, па се покриваат од заедничкиот буџет каде што придонесуваат домашните компании. Стопанствениците од регионот велат дека во ситуација на криза, на фирмите сега им треба силна државна помош и поддршка за поголем раст во иднина.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button