ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Донација од 72.000 брзи антиген тестови за Ковид-19 од Унгарија

Министерството за здравство информира дека преку донација од Република Унгарија обезбедени се 72.000 брзи антиген тестови за КОВИД-19.
На примопредавањето на донацијата, како што информира Министерството на социјалната мрежа „Фејсбук“, присуствувале унгарскиот амбасадор Ласло Дукс и министерот за здравство Беким Сали.
-Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман, изјави министерот Сали.
Тој се заблагодари за поддршката и солидарноста од страна на Унгарија, со цел поуспешно справување со КОВИД пандемијата.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button