КОШАРКАСПОРТ

Дончиќ со нов трипл-дабл, победа и за Бостон

Лука Дончиќ продолжи со одлични партии во дресот на Далас. Во дербито на Тексас, Маверикс го совладаа Хјустон Рокетс со 129:114 и стигнаа до петтиот последовен триумф, а словенечкиот кошаркар имаше уште еден трипл-дабл. Само два дена по средбата со Њујорк на која оствари трипл-дабл од 60 поени, Дончиќ имаше уште една ноќ за паметење, овојпат запиша 35 поени, со 12 скока и 13 асистенции за 34 минути. Отсуствуваше речиси цела последна четвртина, па му беше ускратен уште поубедлив ефект, бидејќи Џејсон Кид реши да го одмори. Дончиќ до трипл-дабл стигна на 5,37 пред крајот на третата четвртина, што јасно покажува како играше.

Во победничкиот тим Кристијан Вуд додаде 21, а Тим Хардавеј Џуниор 18 поени, додека Спенсер Динвиди постигна 15 поени. Кај Хјустон Рокетс најефикасна беше Џејлин Грин со 23 поени, додека Кевин Портер додаде 17, а Џабари Смит 16.

Бостон Селтикс го совладаа тимот на Лос Анџелез Клиперс со 116:110. Џелен Браун и Џејсон Тејтум постигнаа по 29 поени во победничкиот тим.

Резултати: Шарлот – Оклахома 121:113, Индијана – Кливленд 135:126, Бостон – ЛА Клиперс 116:110, Торонто – Мемфис 106:119, Сан Антонио – Њујорк 122:115, Далас – Хјустон 129:114./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button