ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница

Во Собранието се очекува утре да почне расправата по Дополнетиот предлог на буџет на Република Северна Македонија за 2025 година, како дел од дневниот ред на 22-та седница.

Амандманската расправа за Предлог буџетот заврши на 29 ноември, а во Дополнетиот предлог на буџетот се вградени прифатените амандмани и потребните изменувања и дополнувања.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, претресот по Дополнетиот предлог на буџетот на седница на Собрание трае најмногу пет дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Со Предлог буџетот се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти и според Владата, тој е развоен, поткрепен со планирани средства за капитални инвестиции, проекти на општините и поддршка на стопанството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button