ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Досега се попишале над 32 илјади иселеници

Досега се попишале 32.753 лица од дијаспората, соопштија од Државниот завод за статистика. Пописот за иселениците стартуваше на почетокот на месецов, преку онлајн апликација на Заводот за статистика. Од таму преку соопштение известуваат дека бројот на попишани расте секој ден. Иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

„Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно функционира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат“, се наведува во соопштението од Државен завод за статистика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button