ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доцнењето на изградбата на автопатот кон Охрид ќе одврати многу туристи да ги посетат Охрид и Струга

Лошата патна инфраструктура до нашите најголеми туристички центри и ова лето ќе одврати голем број домашни и странски гости кои ќе сакаат одморот да го поминат во Струга или Охрид. Небезбеден, раскопан, со дупки, а на многу места мора да се премине од стариот на новиот пат и обратно од Кичево до Охрид. Патот се гради со години, a тоа остава лош имиџ кај странските гости.

„Факт е кога ќе дојдат гостите овде, велат па вие Македонци не може да завршите еден пат, ги искршивме автомобилите. Точно е тоа. По сите барања на крајот добивме само дека се покрија дупките на делницата Кичево – Охрид. И не може со таква инфраструктура ние да правиме една дестинација. Претходно имавме поубави патишта и поубав пристап до цела држава, отколку што е сега. И во тој однос ќе треба да се размислува што побргу да се најдат средства да се заврши тој автопат“.

„Во некое друго време по стариот пат можевме да стигнеме за 1 час и 40 минути до Охрид.  Денес доаѓаме за два и пол часа. Мислам дека е тотално фијаско на државата, што во изминатите неколку години дозволи да не го доврши патот и да имаме ние делница преку која ќе можеме за краток период за не цел час и половина да го посетуваме нашето омилено место во Македонија“.

Хотелиерите стравуваат дека поради ова, ќе ги изгубат и оние гости  кои ќе сакаат да дојдат, затоа што велат многу побргу се стигнува до грчкото приморје или пак до Албанија отколку од Скопје до Охрид до каде се потребни помеѓу три и четири часа.

„Останува прашањето и за домашните гости што ни се тука, дека ќе имаат пристап од Струга до најјужниот дел на Албанија, Ксамил со новиот пат што е направен, а почнат е да се работи и тунел на последната делница која одзема 45 минути до еден час, да се стигне со Ксамил. Овој пат сега ќе се избегне и за три часа ќе може да се стигне до таму“.

Оваа автопатска делница која почна да се гради во 2014 година, требаше да биде готова првично до 2018 година. Потоа рокот беше продолжен до јуни 2021 година. Но, новиот рок сега е до 2024 година. Но прашање е дали и тогаш ќе биде готов, поради бавното темпо на одвивање на работите.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button