ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доцни поставувањето сигнализација на патот Тетово-Јажинце

Доцни поставувањето сигнализација на патот Тетово-Јажинце

Регионалниот пат Тетово – Јажинце кој ги поврзува С Македонија и Косово и понатаму ја нема соодветната сигнализацијата.

На некои места нема ниту тротоари за пешаци. Недостигаат информативни знаци на влезовите и излезите од населените места, но и оние за ограничување на брзината. Патот беше саниран во ноември минатата година, а два месеци подоцна директорот на ЈП за Државни патишта Ејуп Рустеми, вети дека со подобрувањето на времето ќе започне поставувањето на сигнализацијата.

„Во однос на сигнализацијата, во моментот кога ќе имаме подобро време, работата ќе започне“, рече Ејуп Рустеми, Директор на ЈП „Македонски патишта“.

Но, веќе сме среде лето, а на теренот не се работи.

“Иако времето е подобрено, а температурите се искачија над 30 степени, претпријатието Македонија пат никако да започне со работа на овој патен правец, да постави странични линии, хоризонтална и вертикална сигнализација за да се олесни сообраќајот за жителите во овој крај, кој се претвора во ноќна мора за оние кои возат бидејќи сообраќајните несреќи се многу чести, особено ноќе, кога во отсуство на странична линија не се знае точно каде се движи автомобилот”, известуваше новинарот на Alsat.mk,  Башким Сулејмани.

Жителите се жалат дека несреќите од ден на ден се зголемуваат, има тешко повредени, па и жртви.

“Ништо, ништо не направија. Секој ден имаме сообраќајки, дете згазија со мотор, нема контроли, никој не излегува да каже зошто. Ни знам, ни контрола, нема ништо, тешко на луѓето”, рече еден жител.

“За оние кои го оставија вака, тоа е нормално, за нас не е нормално, бидејќи во минатото работите не беа вакви”, рече еден жител.

“Многу ми пречи, не се движам таму, не знам како е. Ама еве, таква ни е државата, да бидеме само со добро здравје”, изјави една жителка.

Сообраќајните експерти предупредуваат дека сигнализацијата мора да се постави, а за доцнењето одговорноста е кај „Македонија пат“.

„Не можеме да кажеме дека е комплетиран, дефинитивно има некои недостатоци, особено страничните линии кои многу им помагаат на возачите во зима, кога има магла ноќе или влажност на патот. Се знае дека одговорноста паѓа на фирмата „Македонија пат“ или кој друг и да е одговорен“, изјави Блерим Неими професор за сообраќај.

Токму поради зачестените сообраќајни несреќи, жителите на селата Џепчиште и Порој самоиницијативно поставија легнати полицајци покрај селскиот пат./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button