ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дождовите се добредојдени за есенската сеидба

Обилните дождови кои интензивно паднаа деновиве ќе бидат добри за есенската сеидба, но не и за бербата на плодовите.Земјоделците велат дека по долготрајната суша, врнежите се секогаш добродојдени но не толку интензивни како што се изминативе денови и кои очигледно се предизвикани од климатските промени. Есенската сеидба на пченицата и останатите семиња ќе почека се додека врнежите не престанат за почвата да може да се подготви за сеење, бидејќи во вакви услови невозможно е да се работи со земјоделската механизација.

„Секако дека дождовите се добредојдени, но треба да бидат со умерени интензитет и во одреден период кога се потребни. За жал климатските промени си го направија своето каде што имаме интензивни периоди со многу топло време, па интензивни периоди со многу врнежи и сето тоа влијае врз производството на храна. Сега можам да кажам дека почвата е презаситена со вода бидејќи се покачува нивото на реките, влажноста која ја зема почвата ќе придонесе за добар раст на пченицата и семето.“, вели Васка Мојсовска-Претседателка на Националната федерација на фармери.

За дел од културите интензивниот дожд лошо ќе влијае врз квалитетот на плодовите. Дел од грозјето, жетвата на оризот се под ризик  поради врнежите. И бербата на ресенското јаболко е прекината поради дождот.

„ Во овој период тие работници кои што претходно беа дојдени и работеа неколку дена додека дозволуваа временските услови веќе се вратени назад во Албанија. Незнаат ни самите, ниту пак ние знаеме кога ќе ги повикаме “, изјави Фросина Ѓоргиевска- Јаболкопроизводител.

Интензивните дождови изминативе денови ги наполнија акумулациите, и се зголемија приливите на езерата и реките. Во изминативе денови најмногу дожд наврнал во Битола, Тетово и Куманово според податоците на Управата за хидрометеролошки работи.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button