ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доживотен затвор, побара обвинителството за Алил Демири, Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети во „Монструм“

Доживотен затвор, побара обвинителството за Алил Демири, Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети во „Монструм“. За Фејзи и Хаки Азири, обвинителката Фатиме Фетаи побара максимални казни. Сите ги гони за тероризам и помагање тероризам. За обвинетиот Сами Љута беше повлечено обвинението поради тоа што недостасуваат докази.

„Освен максимално предвидените казни за овие кривичн дела, доживотен затвор за Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, петнаесет години затвор колку што предвидува одредбата за стек може да му се изрече на Фејзи Азири помеѓу девет и десет години затвор при одредбите за примена на стек може да му се изрече на Хаки Азири. За ваков настан како обвинител но и како човек и граѓанин на оваа држава не верувам дека со друга санкција би се постигнале целите на казнувањето“

Фетаи посочи дека обвинетите не се терористи, но направиле терористички чин со убиството на Смилковското езеро. Конфликт и дестабилизација на државата е најверојатно бил мотивот на обвинетите, вели обвинителката. Жртвите требало да бидат Македонци, а тоа да доведе до вложување на меѓунационалните односи, посочи обвинителството.

„Овој настан лесно можел да предизвика повторен конфликт со невини жртви, настан кој ја зголеми недовербата и омразата помеѓу македонскиот и албанскиот етникум а се задоволува со непотркрепени тези за „Крвав Велигден“, кој несосмено има допирна точка со времето на извршување и ефектите кои сакале да ги постигнат сторителите“

Адвокатката Дафинка Ивановска, застапник на семејставата на убиените е задоволна од пристапот на обвинителите. Прецизирале многу работи кои биле пропуст во претходното судење, а бомбите кои ги најавувале политичари, ввклучително и премиерот Зоран Заев не откриле ништо.

„Тие бомби да ги речам или прислушувани разговори не придонесоа за поинакво битна сменета фактичка состојба за извршување на ова кривично дело“

Обвинителката Фетаи денеска посочи дека не се вистинати чаршиските муабети кои го следеа овој случај – возилото Опел Омега не било подметнато и не го користела полицијата. Во случајот нема вмешаност на поранешниот спикер од ВМРО – ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, но и посочи дека не е точна тезата дека лицата се убиени на друго место, а донесени на Смилковското езеро. За случајот завршен збор, обвинетите ќе дадат на 3 – ти февруари.
Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button