СПОРТФУДБАЛ

Дрилон Ганиу: Енергијата која ја носи Mасар Омерагиќ, ќе донесе позитивни резултати

Со назначувањето на Масер Омерагиќ за прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, Дрилон Ганиу беше избран за генерален секретар на ФФМ. Тој оваа функција ќе ја извршува и по денешното Редовно собрание на ФФМ, на кое се Омерагиќ доби целосна поддршка од делегатите.

Advertisements

„Изминатиот период за нашата федерација беше вистински предизвик. Суштината на предизвикот ја дознавме во последните три месеци со доаѓањето на Масар Омерагиќ. Енергијата која ја донесе ја чувствуваат сите. Убеден сум дека таа енергија ќе трае и ќе носи резултати. Сите заедно, обединети и фокусирани, продолжуваме понатаму со план како да се справиме со предизвиците на патот до успехот.

За нас тоа се предизвици, а не проблеми. Важно е да останеме транспаренти и да ги почитуваме луѓето кои работат во фудбалот. Имаме своја генерална стратегија, стратегија за женски фудбал и ќе ги следиме целите кои ги зацртавме. Благодарност до УЕФА у ФИФА за нивната поддршка“, рече Ганиу.

Мандатот на Омерагиќ на чело на Фудбалската федерација на Македонија ќе трае четири години, а започнува со квалификации за следното Светско првенство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button