МАКЕДОНИЈА

Дрога, оружје и мобилни телефони се пронајдени при претрес на затворениците во штипскиот затвор

Мобилни телефони, дрога и оружје се пронајдени кај затвореници во штипскиот затвор. Од министерството за правда и МВР соопштија дека по судска наредба од Основен суд Штип, направен бил претрес во 11 ќелии кај 39 осудени лица кои се на издржување затворска казна.

„При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, пет ножеви, пет штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи“, велат од министерството за правда.

Според соопштението од МВР, во ќелиите се пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, грутчеста материја, а покрај ножеви имало и други остри предмети како и метални шипки.

Акцијата е спроведена од 6 до 9 часот утринава, во координација меѓу Управата за извршување санкции, Јавното обвинителство и повеќе полициски единици.

„Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ќе сноси одговорност. Никој нема да биде поштеден од одговорност. Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави“, се наведува во соопштението од министерството за правда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button