МАКЕДОНИЈА

Дрпљанин: Сите бесправно изградени објекти, освен оние на социјално ранливите групи, може да бидат урнати

Државата би можело да ги легализира бесправно изградените објекти само на социјално загрозени случаи кои немале можност и средства навреме да ја извршат легализацијата, оценува Вилдан Дрпљанин, правен експерт од Хелсиншкиот комитет. Како што вели тој, законот се носи, пред сѐ, за да се овозможи легализација на луксузни објекти. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, тој меѓу другото вели:

„Да тргнеме од тоа кој гради бесправно? Некој што е сигурен дека нема да одговара за тоа. Најголем дел од случаите се такви. Обичен човек што знае дека ќе одговара пред законите сигурно нема да се осмели туку така да започне бесправно градење. Не треба да има дилеми дека сите бесправно изградени објекти, без разлика дали е тоа вила со не знам колкава вредност, со самото тоа што е бесправно изградена дава основ тој објект да биде срушен и сите коишто бесправно граделе, а не спаѓаат во овие категории, коишто има консензус дека треба да бидат заштитени, како што се социјално загрозените семејства и лица кои навистина не можеле на поинаков начин да обезбедат живеалиште за себе, треба да бидат процесуирани согласно законите кои не дозволуваат бесправно градење“, вели Дрпљанин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button